Трета кичевска парохија
парохија на МПЦ-ОА / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трета кичевска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кичевското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во кичевската градска соборна црква „Св. Петар и Павле“. Парохиски свештеник е Стевчо Тошевски (сост. 2015). Покрај дел од градот Кичево, парохијата ги опфаќа и селата: Цер, Големо и Мало Црско, Велмевци, Прострање, Белица, Козица, Кладник, Свињиште, Брждани, Јудово и Видрани.