Тонга на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тонга се има натпреварувано на седум Летни олимписки игри и на еднаш на Зимските олимписки игри. Тонга е најмалата независна држава која освоила олимпики медал на Летните олимписки игри кога боксерот во супертешка категорија 91 кг Паеа Волфграм го освоил сребрениот медал на игрите во 1996 година во Атланта.
Тонга на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
|
||||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||||
|
Тонга испратила делегација за учество на Зимските олимписки игри 2010 година, што всушност вби било првото учество на Зимските олимписки игри. Спортското аматерско здружение на Тонга (САЗТ) објавило дека има намера да испрати еден натпреварувач да се натпреварува во дисциплината санка. Во декември 2008 година, двајца натпреварувачи (Фуаеа Семи и Таниела Туфунга) биле избрани за да тренираат во Германија, иако само еден од нив ќе се натпреварува на Олимписките игри.[1][2][3] Семи бил избран како кандидат кој ќе ја претставува Тонга на игрите, и бил претставен од страна на неговите германски спонзори под новото име, „Бруно Банани“.[4][5][6][7] Тој не успеал да се квалификува, сепак, настрадал во последната рунда на квалификациите со што завршиле надежите за кралството да се натпреварува на игрите во 2010 година.[8] Банани се квалификувал на Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи, Русија, станувајќи првиот тонганец кој се натпреварувал на Зимските олимписки игри.[9]