Томислав Чокревски (11 декември 1934 —5 декември 2017 ) — македонски универзитетски професор, социолог и државник.
Томислав Чокревски | |
---|---|
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 23 февруари 1996 – 30 ноември 1998 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Љубомир Фрчкоски |
Наследник | Павле Трајанов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 декември 1934
Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
Починал(а) | 5 декември 2017 82) Скопје, Македонија | (возр.
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Вероисповед | Православен христијанин |
Животопис
Чокревски е роден во Битола на 11 декември 1934 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје[1] во 1958 година. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1967, а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Социјалната природа и функција на големите организации и развитокот на социјалистичката демократија“ во 1976 година. На Правниот факултет во Скопје бил избран за предавач по предметот социологија во 1968, за виш предавач во 1972, за вонреден во 1977 и за редовен професор во 1982 година. Бил уредник на списанието „Погледи“ во 1964 година и републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година[2]. Бил декан на Правниот факултет во Скопје во 1991 и 1992, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1992/93 - 1993/94) и министер за внатрешни работи во Владата на Бранко Црвенковски од 1995 до 1998 година.
Библиографија
Објавил поголем број монографски дела и учебници од областите на социолошките и политичките науки. Основната идеја што ја следи во социологијата е функцијата на големите организации во демократијата.
- Организационо општество, “Студентски збор“, Скопје, 1995;
- Социологија на правото, “Студентски збор“, Скопје, 2000.
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.