Тихоокеанска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тихоокенаска војна (шпански: Guerra del Pacífico), позната и како Шалитрова војна (шпански: Guerra del salitre) ― војна меѓу Чиле и Боливиско-перуанскиот сојуз која траела од 1879 до 1884 година. Војната избувнала поради чилеанските претензии за крајбрежната боливиска територија во пустината Атакама, а завршила со победа на Чиле кој се здобил со значителни територијални придобивки за сметка на Перу и Боливија.
Тихоокеанска војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Битката кај Тарапака |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Боливија Перу | Чиле |
Војната започнала поради спорот меѓу Боливија и Чиле за оданочување на нитрати, а Перу бил вовлечен поради неговиот таен сојуз со Боливија. Но, историчарите укажуваат на подлабоки причини за војната, како интересот на Чиле и Перу за бизнисот со нитрати, долгогодишното ривалство меѓу Чиле и Перу, како и политичките и економските разлики меѓу Чиле, Перу и Боливија. На 14 февруари 1879 година, вооружените сили на Чиле го окупирале боливискиот пристанишен град Антофагаста, па на 1 март 1879 започнала војна меѓу Боливија и Чиле на 5 април 1879 се приклучил и Перу.
Битките се водеа во Тихиот Океан, пустината Атакама, перуанските пустини и планинските предели во внатрешноста на Перу. Во првите пет месеци, војната се одвивала на море, и Чиле се обидувал да воспостави коридор преку море за да ги снабдува своите сили во пустината Атакама. Следувала копнена кампања на Чиле во која ги победил боливиската и перуанската војска. Боливија по битката кај Такна (26 мај 1880) се повлекла од војната. Чилеанските сили во јануари 1881 година го окупирале главниот град на Перу, Лима. Преостанатите и нередовните припадници на перуанската армија воделе герилска војна, но не можеле да ги спречат уморните од војна перуанските фракции да постигнат мировен договор со Чиле кој вклучува територијални отстапки.
На 20 октомври 1883 година, Чиле и Перу го потпишале Договорот од Анкон. Боливија потпишала примирје со Чиле во 1884 година. Чиле ја добил перуанската територија Тарапака, спорниот боливиски департман Литорал (со што Боливија станала земја без излез на море) и привремена контрола врз перуанските региони Такна и Арика. Во 1904 година, Чиле и Боливија потпишале Договор за мир и пријателство, со кој биле воспоставени дефинитивни граници. Со Договорот од Лима од 1929 година Арика му била отстапена на Чиле, а Такна на Перу.