![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/19/Tirreno_Adriatico_2012.png/640px-Tirreno_Adriatico_2012.png&w=640&q=50)
Тирено-Адријатико 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тирено-Адријатико 2012 било 47. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, често нарекувана како Трка на две мориња. Започнала на 7 март во Доноратико, а завршила на 13 март во Сан Бенедето дел Тронто и се состоела од седум етапи, вклучувајќи го и екипниот хронометар на почетокот на трката и поединечниот хронометар на крајот. Таа била трета трка од сезоната на светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 3 од 28 | |||
![]() | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 7–13 март | ||
Етапи | 7[1] | ||
Растојание | 1.063,2 км | ||
Време | 29ч 38' 08" (35.835 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Ликвигас-Канондејл) |
Втор | ![]() |
(РадиоШек-Нисан) | |
Трет | ![]() |
(Астана) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Ликвигас-Канондејл) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Колнаго-ЦСФ Бардијани) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Вакансолел-ДКМ) |
Екипен | Аг2р-Ла Мондијал | ||
← 2011 2013 → |
Трката била освоена од Италијанецот Винченцо Нибали од Ликвигас-Канондејл,[2] по постигнувањето побрзо време во завршниот поединечен хронометар од возачите на РадиоШек-Нисан Крис Хорнер и на Астана Роман Кројцигер, со тоа успевајќи и обата возача да ги победи; во текот на трката, Нибали исто така ја освоил и кралската етапа на трката до Прати ди Тиво. Нибали исто така ја освоил и црвената маичка за освојувањето на најголем број на бодови во текот на етапите на средните спринтови и етапните краеви и победил во генералниот пласман со четиринаесет секунди предност пред освојувачот на второто место Хорнер. Кројцигер го освоил третото место, 12 секунди зад Хорнер и 26 секунди зад Нибали.[3]
Во останатите пласмани во трката, Ваут Пулс од Вакансолел-ДКМ ја освоил белата маичка за највисоко пласиран возач роден во 1987 или подоцна со освојувањето на осмото место во генералниот пласман,[4] додека возачот на Колнаго-ЦСФ Бардијани Стефано Пираци го освоил планинскиот пласман,[5], а Аг2р-Ла Мондијал завршиле на чело на екипниот пласман.