Техно музика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Техното е форма на електронска денс музика која се појави во Детроит, Мичиген, САД во доцните осумдесетти. Првата употреба на зборот техно како жанр во музиката беше во 1988 година. Денес постојат многу стилови на техно, но Детроит техното се смета за основа врз која се изградени многу поджанрови. Првото техно настана со соединување на музика заснована евроцентичен синтисајзер со разновидни афро-американски стилови како хаус чикаго, фанк, електронска и електричен џез. На ова беше додадено влијанието на футуристички и фиктивни теми кои беа важни за животот во Америка во капиталистичкото општество – осовено книгата “ Третиот бран ” од Алвин Тоглер. Пионерскиот продуцент Хуан Аткинс ја наведува Тофлеровата фраза “техно бунтовник” како инспирација за употреба на зборот техно за да го опише музичкиот правец во чие создавање тој помогна. Уникатното мешање на влијанија го поврзува техното со пренесувањето на духот од телото на машината и често главна преокупација: суштината на технолошката духовност. На овој начин “техно денс” музиката го победува она што Адорно го виде како резултат на оттуѓување со механизацијата на современата совест. Музичките новинари и обожаватели се воглавно прибирливи при употреба на терминот; за да може понекогаш да се направи разлика помеѓу поврзаните но квалитативно различни жанрови, како техно хаус и транс. “Техно” исто така доста често се меша со општоприфатени описи, како електронска музика и денс музика.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |