Теорија на книжевноста
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теорија на литературата во строга смисла на зборот е систематското изучување на природата на литературата и методите за анализа на литературата.[1] Сепак, науката за литературата од 19 век често вклучува – во прилог на, или дури наместо на теоријата на литература во строгата смисла на зборот — размислувања за интелектуална историја, морална филозофија, општествено пророштво и други интередисциплинарни теми кои се од значење за начинот на кој луѓето го толкуваат значењето.[1] Во хуманистичките науки, подоцнежниот стил на науката е производ од критичката и често е наречен “теорија“. Како последица на тоа, зборот „теорија“ стана термин за различни научни пристапи кон анализа на текстовите. Повеќето од овие пристапи се потпираат на разните насоки на континенталната филозофија и социологија.