From Wikipedia, the free encyclopedia
Теодосиј III (грчки: Θεοδόσιος Γ΄) бил византиски цар кој владеел во периодот од 715 до 717 година.
Теодосиј III | |
---|---|
Византиски цар | |
На престол | мај 715 – 25 март 717 |
Претходник | Анастасиј II |
Наследник | Лав III Исавријанин |
Дваесетгодишна анархија | |||
Хронологија | |||
Леонтиј | 695–698 | ||
Тибериј III | 698–705 | ||
Јустинијан II | 705–711 | ||
со Тибериј совладетел, 706–711 | |||
Филипик Вардан | 711–713 | ||
Анастасиј II | 713–715 | ||
Теодосиј III | 715–717 | ||
Наследување | |||
Претходела Ираклиева династија |
Следела Сириска Династија |
Теодосиј III бил финанснов службеник и собирач на даноци во јужниот дел на тема Опсикион. Според една теорија, тој бил син на Тибериј III Апсимар. Бил испратен на советување во Мизија, кога војската, незадоволна од управувањето на Анастасиј II започнала да се бунтува и да го прогласува него за цар. Теодосиј се откажал и дури се обидел да се спаси преку бегство, според хроничарот Теофан Исповедник, во шумите недалеку од Цариград (околу градот Адрамитиум), но бунтовниците го принудиле да остане кај главната војска и да тргне кон престолнината во мај 715 година.
По шестмесечна опсада градот бил преземен преку предавство и Теодосиј бил крунисан, но го поштедил животот на соборениот Анастасиј II. Со посредство на патријархот Герман I Цариградски, Анастасиј II бил убеден да абдицира и станал монах во Солун.
За краткото управување на Теодосиј III, кој инаку пројавувал умереност и мудрост, се знае доста. Со државните работи тој речиси не се занимавал. Теодосиј како цар бил признаен од страна на четири стратези, вклучувајќи го и Лав III Исавријанин, командант на војниците во Анадолија.
Теодосиј требало да се занимава со арапските војници во Анадолија и со арапската флота која напредувала. За таа цел, тој потпишал мировен договор со хан Кормесиј, во корист на Бугарите, за да си обезбеди заштита против арапската инвазија. Оваа политика се покажала како оправдана, кога малку подоцна Бугарите ги разбиле арапските армии и помогнале во спасувањето на Цариград.
По победата над арапите, Лав кренал бунт во Анадолија и без тешкотии го принудил на Теодосиј да се повлече од престолот. Тој бил изолиран во манастир во Ефес, каде водел строг аскетски живот. Се претпоставува дека станал епископ на Ефес. Современите историчари сметаат дека тоа всушност бил неговиот син. Сигурно овој епископ бил жив барем до 24 јули 754 година, кога учествувал на иконобоскиот собор во Хиерија. По смртта на поранешниот цар населението долго го почитувал и нему му се препишуваат неколку чуда.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.