From Wikipedia, the free encyclopedia
Теодор де Банвил (француски: Théodore de Banville; Мулен, 14 март 1823 – Париз, 13 март 1891 ) – француски поет, драматург, драмски критичар и новинар.
Теодор де Банвил Théodore de Banville | |
---|---|
Банвил фотографиран од Надар | |
Роден/а | Étienne Jean Baptiste Claude Théodore Faullain de Banville 14 март 1823 Мулен, Франција |
Починат/а | 13 март 1891 67) Париз, Франција | (возр.
Занимање | поет, драматург, драмски критичар и новинар |
Националност | француска |
Период | XIX век |
Жанр | поезија |
Книжевно движење | романтизам, симболизам, парнасизам |
Значајни дела | Акробатски оди (1857), Изгнаници (1867) |
Потпис |
Славен по своите „Акробатски оди“ (Odes funambulesques) и „Изгнаници“ (les Exilés), Теодор де Банвил е наречен „поет на среќата“.[1]
Бил пријател на Виктор Иго, Шарл Бодлер и Теофил Готје, и бил сметан уште за време на својот живот како еден од најеминентните поети на својата епоха. Тој го открил надежниот талент на Артур Рембо.
Во своето дело, Теодор де Банвил го обединува романтизмот и парнасизмот, на кои им бил еден од предвесниците. Практикувал исклучителна љубов на убавината и универзална јасност на поетскиот чин, спротивставувајќи се истовремено на реалистичката поезија и на декадентноста на романтизмот[2], против кои тој ја потврдувал својата вера во чистотата на уметничкото творештво.
Син на морнарскиот офицер Клод Теодор Фолен де Банвил и на Зели Ие, Теодор де Банвил во 1830 година го почнал своето образование во лицејот Кондорсе. Охрабрен од Виктор Иго и Теофил Готје, тој ѝ се посветил на поезијата и ги посетува најантиконформистичките книжевни средини. Ја презирал официјалната и комерцијална поезија, бил одлучен противна на новата реалистичка поезија и непријател на сентименталниот романтизам.
Како драмски критичар и книжевен хроничар соработува со весниците „Ле Пувоар“ (le Pouvoir) (1850), потоа „Ле Насионал“ (le National) (1869). Станува многу важна фигура во книжевниот свет и учествува во „Реви фантезист“ (Revue fantaisiste) (1861), каде се собираат поетите кои биле основачи на парнасизмот и сите движења на векот.
Во 1862 година ја сретнува Мари-Елизабет Рошегрос[3] (тринаесет години подоцна, на 15 февруари 1875 година, се венчаваат), и ја организираат првата претстава на „Гренгоар“ (Gringoire) во 1866 година. Во 1867 година го издава „Изгнаници“ (Les Exilés), збирка која ѝ ја посветил на својата жена и која самиот ја сметал за свое најдобро дело.
На 16 години, Артур Рембо, поттикнат кон поезијата на неговото време од ревијата „Ле Парнас контампорен“ (Le Parnasse contemporain, Современ Парнас), му испраќа писмо со датум 24 мај 1970, во кое приложил повеќе песни (Офелија (Ophélie), Чувство (Sensation), Сонце и месо (Soleil et chair), со надеж да ја добие неговата поддршка кај издавачот Алфонс Лемер. Банвил му одговорил на Рембо, но неговите песни не биле објавени.
Во ноември 1871 година, Теодор де Банвил го угостува Артур Рембо, но веќе од мај, последниот во своите писма наречени „од јасновидецот“ ги изразува своите разлики и во август 1871, во својата пародија „Што му се вели на поетот за цвеќињата“ (Ce qu'on dit au poète à propos de fleurs), ја изразува својата отворена критика на поезијата на Банвил.
Во 1872 година, со својот „Мал трактат за француската поезија“, Банвил раскинува со симболистичката струја. Издава скоро по едно дело годишно во текот на 1880-тите, и умира во Париз на 13 март 1891 година, спроти својот 68 роденден, малку после издавањето на неговиот единствен роман „Марсел Раб“ (Marcelle Rabe).
Теодор де Банвил во своето дело посебно ги обработувал на прашањата за поетската форма [4], и играл со сите богатства на француската поезија. Му се префрлало дека му недостасува сензибилност и имагинација, но неговото влијание им овозможило на бројни поети да се ослободат од сладникавата сензибилност која го надживувала вистинскиот романтизам.
Погребан е на гробиштата Монпарнас во Париз.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.