From Wikipedia, the free encyclopedia
Тврдина Копакабана (португалски: Forte de Copacabana) — воена база на јужниот крај на плажата, по која е познат округот Копакабана. Базата е отворена за јавноста и во неа се наоѓа Музејот за историја на армијата (Museu Histórico do Exército) и крајбрежната одбранбена тврдина, која всушност е самата тврдина.
Тврдината е изградена на ’рт, на кој првично се наоѓала мала капела во која се наоѓала реплика на девицата од Копакабана, светица-заштитничка на Боливија. Во 1908 година, бразилската војска започнала да гради современа одбранбена крајбрежна тврдина на ’ртот за заштита на плажата Копакабана и влезот во пристаништето на Рио де Жанеиро. Тврдината, завршена во 1914 година, се состои од две армирани куполи, едната поседува двојни топови Круп, а другата двојни 190 мм митралези.
Името на куполата со топовите е „Дуке де Кашијас“, а топовите се именувани „Барозо“ и „Озорио“. Оваа купола е зад и над онаа со митралезите од 190 мм, така што може да пука над нив. Топовите Круп може да испукаат гранати тешки 445 кг на далечина од 23 км. Името на куполата со митралезите од 190 мм е „Андре Видал“. Овие митралези може да пукаат од 200 метри до 18,2 км.[заб. 1]
Тврдината, исто така, има две мали склопувачки делови на крилата, секоја со митралез од 75 мм со агол на вртење од 180 степени и досег од 7 км. За разлика од големите топови, овие митралези не се наоѓаат повеќе таму. Северниот дел е именуван „Антонио Жоао“, а јужниот дел е именуван „Рикардо Франко“.[заб. 2]
На 5 јули 1922 година, тврдината била средишна точка на револтот на младите офицери во армијата. Бил прв револт на движењето „тенентиста“ во текот на Старата република. Бунтовните офицери ги свртеле топовите на тврдината кон Рио де Жанеиро. За задушување на револтот, владата ги донела воените бродови „Сао ПаулО“ и „Минар Гераес“. На 6 јули, „Саун Пауло“ ја бомбардирал тврдината, а по половина час подоцна, бунтовниците се предале.[1]
Бразил ја распуштил крајбрежната одбранбена артилерија во 1987 година. Во тоа време, војската ја напуштила тврдината. Куполата со топовите „Круп“ е една од неколкуте останати во светот со истиот дизајн.
Музејот е отворен од 10:00 наутро до 18:00 попладне, а тврдината е отворена од 10:00 наутро до 20:00 навечер, од вторник до недела и празници. Влезот за возрасни е 4 реали за возрасни, но постојат попусти и слободни тури за постари лица и деца. На влезот во тврдината се наоѓа стражар во униформа, каква што носеле војниците во тврдината, кога била отворена во 1914 година.
Музејот има неколку изложби за различни периоди и настани во историјата на војската на Бразил. Сепак, учеството на Бразилскиот експедициски корпус на италијанска страна во Втората светска војна добило ограничено прикажување, додека бразилското учество во Втората светска војна никакво прикажување.
Надвор од музејот, постојат артилериски парчиња од крајот на XIX и почетокот на XX век.
За Летните олимписки игри 2016, тврдината се очекува да биде домаќин на велосипедската друмска трка (почеток и крај), маратонското пливање и триатлонот.[2][3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.