From Wikipedia, the free encyclopedia
Тарасиј Цариградски — Вселенски патријарх во периодот од 784 до 806 година.
Тарасиј Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Црква на Цариград |
Ракоположен | 784 |
Службата завршила | 806 |
Претходник | Павле IV Цариградски |
Наследник | Никифор I Цариградски |
Лични податоци | |
Роден | 730
Цариград |
Починал | 25 февруари 806
[[]], Цариград) |
Вероисповед | православие |
Живеалиште | Цариградска патријаршија |
Занимање | Патријарх |
Други папи наречени Тарасиј |
Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно успеал да го напушти престолот и да замине во некој манастир. Во тоа време, на царскиот престол биле Константин VI и Ирина. Во 783 година, според советот на Павле, за патријарх бил избран царскиот советник и сенатор Тарасиј.
Тој многу брзо ги поминал сите црковни чинови и станал патријархТарасиј имал завршено високо образование. Чинот Цариградски патријарх го примил неволно, но во име на победата на православието над ересите, особено над иконоборството. Под него бил свикан Седмиот вселенски собор во Никеја во 787 година, каде што ереста била осудена, а се вратило и се утврдило почитувањето на светите икони.[1]
Кога царот Константин ја избркал својата законска жена Марија и зел некоја своја роднина па живееше со неа барајќи од патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му дал благослов туку најпрво го посоветувал, потоа го изобличил и најпосле го одлачил од Причест
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.