Таксономија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таксономија (од грч. τάξις = „редослед“ и νομία = „начин“)[1] — наука која се занимава со распознавање на видовите и нивно распоредување во систем на класификација.[2][3] Ова го прави со помош на таксономски единици наречени „таксони“, кои ги доведува во извесен хиерархиски распоред. Пример за современа класификација е онаа на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија изработена во 2009 која се однесува на сите постоечки фамилии на цветни растенија (наречена „систем APG III“).[4]