Суптропски појас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суптропи — географски и климатски појаси што се наоѓаат помеѓу Северниот и Јужниот Повратник и 35. напоредник на обете полутопки. Присутна е и во тропските предели, на поголеми надморски височини (на пр. во Мексиканската Висорамнина, во Виетнам и во Тајван). Осум месеци во годината имаат просечна температура од барем 10 °C, а во најстудениот месец температурата се движи од 6 °C до 13 °C. Овие подрачја понекогаш се нарекуваат и полутропски.
Голем дел од пустините во светот лежат во суптропскиот појас, што се должи на образувањето на т.н. „суптропски срт“. Во саванските режими во суптропите, дождовната сезона е во летото, со несразмерно голема количина врнежи. Кај средоземните предели, дождовната сезона е во зимата. Подрачјата што се граничат со топли океани се склони на месно обилни дождови поради тропски циклони, кои можат да имаат значаел удел во вкупните годишни врнежи. Во суптропите успеваат растенија како урмата, агрумите, мангото, личито и авокадото и дрва како дрвенестите папрати и секвојата.