Суперкритична течност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперкритична течност (СКТ) е било која супстанца на температура и притисок над нејзината критична точка, каде не се разликуваат посебни течна и гасовита состојба. Таа може да ефузира низ цврсти тела како гас и да раствори материја како течност. Близу критичната точка, мали промени во притисокот и температурата придонесуваат до големи промени во густината на суперкритичната течност, па многу нејзини својства може лесно да се подесат.[1] Понекогаш многу компресираните течности, кога притисокот е над критичната точка, но температурата е субкритична, исто така се нарекуваат суперкритични течности.[2]
Суперкритичните течности природно се наоѓаат во атмосферите на гасовитите џинови Јупитер и Сатурн, а веројатно и во тие на ледените џинови Уран и Нептун. Многу индустриски и лабораториски процеси ги користат како замена за органски растворувачи. Јаглерод диоксид и вода се најчесто користените суперкритични течности во процеси како декафеинезација и производство на електрична енергија.[3][4]