From Wikipedia, the free encyclopedia
Бездомништвото значително го намалува дипломирањето и задржувањето на студентите. Од 2019 до 2020 година, приближно 13 милиони ученици во државните училишта во Соединетите Држави доживеале бездомнички статус.[1]
Според Националниот центар за образование на бездомници, имало повеќе од 50.000 семејства со деца кои го загубиле домот во 2022 година, а бројот на бездомни деца достигна повеќе од еден милион во 2020 година. Според Естер Ривера, програмски раководител на мрежата за образование за бездомници на образовниот систем наречен Денверските јавни училишта, семејствата бездомници биле поддржани со добивање ваучери за мотели и храна во Денвер.[2]
Според студиите од 2020 година, бројот на студенти бездомници достигна највисоко ниво во последните десет години. Повеќе од 1,5 милиони студенти живеат со своите семејства или познаници поради губење на нивните домови. Според Националниот центар за образование за бездомници, 7% од студентите бездомници живеат во напуштени згради или автомобили.[3]
Според извештајот за 2019 година заснован на истражување претходната учебна година од Центарот за надеж за колеџ, заедница и правда на Универзитетот Темпл, 55% од студентите на Универзитетот во Њујорк од неговите 19 кампуси немале сигурно домување. Поради финансиски проблеми или живеење во преполни куќи, не можеле да ги платат сметките за струја и кирија и постојано се селеле.[4]
Според новите сојузни податоци за 2019 година, бројот на ученици во градинка до 12-то одделение кои се бездомници пораснал за 70% во последната деценија. Во 2019 година било објавено дека во однос на последните три години, бројот на студенти бездомници е зголемен за 20%. Бидејќи студентите бездомници често не користат прифатилишта за бездомници или спијат на улица, тие обично се опишувани како „скриени на очигледен поглед“. Според извештајот, 76% од студентите бездомници живееле во заедничка куќа или живееле со други. 14% од студентите бездомници биле во прифатилишта, 6% од нив биле во основното ноќевање во хотели или мотели, а 4% биле идентификувани како „бездомници“.[5]
Бездомништвото е предизвикано од многу нешта, како што се немањето соодветна работа, високите цени на куќите, семејното насилство и дрогата. Милиони луѓе трошат повеќе од половина од својот приход за домување и не можат да си дозволат да купат дом. Во Калифорнија, луѓето биле принудени да се свртат кон несоодветни станови поради недостигот на станови и зголемените кирии. Затворањето на фабриките и влошената економија го отежнале плаќањето на киријата. Зависноста на два милиони луѓе од дрога предизвикала родителите да се разведат, а младите да ги напуштат своите домови.[3]
Седум од десет луѓе рекле дека причината за бездомништвото е отфрлањето од семејството и малтретирањето дома. Стручњаците веруваат дека обезбедувањето прифатливи станови и поддршката на семејствата кои се занимаваат со дрога, може да помогне да биде намален бројот на студенти бездомници.[3]
Соседската коалиција за прифатилишта, или СКП, незаработувачка организација основана во 1982 година, започна пилот проект за отстранување на образовните пречки за бездомните студенти од Градскиот универзитет во Њујорк.[4] CNN објавиле дека несигурноста во храната и домувањето влијае на здравјето и душевното здравје на студентите и ги тера да го напуштат образованието и да ги намалат приходите.[4]
Калифорнија е првата сојузна држава која буџетира за студенти бездомници.[4] Некои универзитети, како оние во Калифорнија, го намалиле бројот на студенти бездомници кои влегуваат на универзитетот поради станбениот проблем на некои студенти.[6] Проектот за обезбедување домување за студентите од Санта Круз бил запрен од жителите на областа поради оштетување на природата на областа. Со овој проект би биле опфатени 3000 студенти.[6] Стручњаците веруваат дека обезбедувањето прифатливи станови и поддршката на семејствата кои се занимаваат со дрога може да помогне да биде намален бројот на студенти бездомници.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.