Струмски Залив
залив во Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Струмскиот Залив (грчки: Στρυμονικός Κόλπος) или Орфански Залив (Κόλπος Ορφανού) — залив во Егејска Македонија, во северниот дел на Егејското Море (наречен Тракиско Море). Сместен е источно од полуостровот Халкидик и јужно од Серскиот Округ.
Кратки факти Струмски Залив Στρυμονικός κόλπος, Подрачје ...
Струмски Залив Στρυμονικός κόλπος | |
---|---|
Поглед на заливот од Аспровалта | |
Струмскиот Залив на карта | |
Подрачје | Егејска Македонија |
Координати | 40.7° СГШ; 23.83° ИГД / 40.7; 23.83 |
Дел од | Егејско Море |
Главни приливи | р. Струма |
Сливни земји | Грција |
Најг. длабочина | 95 м |
Затвори
Наречен е по реката Струма што се влева во него. Другиот назив го носи по селото Орфан во Кавалскиот Округ.
Познајачни населени места крај Струмскиот Залив се Аспровалта, Лонкари, Бешик, Ставрос, Орфан, Враста, Олимпијада, Крушево.
Природна граница на заливот образуваа три планини: Кушница (Пангео) на североисток, Богданска Планина (Кедрилио) на север и Пијавица (Стратони) на југ.