Стомак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стомак (научно: абдомен, народно: мев) — составен дел на телото помеѓу градниот кош и карлица, кај луѓе и во други ’рбетници. Регионот кој го зафаќа абдоменот е именуван како абдоминална празнина. Во членконогите е во задниот дел на телото; поврзан е со градниот кош или цефалоторакс.[1][2] Абдоменот се протега од градниот кош и дијафрагма до карлицата со карличен гребен. Карличниот гребен се протега од лумбосакралниот зглоб меѓупршленскиот диск помеѓу L5 и S1) до срамна симфиза и e на работ од карличниот влез. Просторот над овој влез и под дијафрагмата е именуван како абдоминална празнина. Границата на абдоминалната празнина е абдоминалниот ѕид напред и перитонеалната површина околу.
Кратки факти Стомак, Податоци ...
Стомак | |
---|---|
Човечкиот стомак и органи кои можат се најдат под површината | |
Податоци | |
Завршеток | граден кош ’рбетен столб |
Дејства | Movement and support for the torso Assistance with breathing Заштита за внатрешните органи Postural support |
Назнаки | |
Латински | Abdomen |
TA | A01.1.00.016 |
FMA | FMA:9577 |
Затвори