Степа
екорегион со тревнати површини / From Wikipedia, the free encyclopedia
Степа (од руски: степь) — екорегион во облик на пространа рамнина без дрва, обрасната со треви и растенија што поднесуваат суша.[1] Преријата (особено нискотревната и мешаната) е исто така пример за степа. Ваквите предели можат да бидат полупустински, или прекриени со треви, грмушки или обете, зависно од годишното време и географската ширина. Климата во степите е пресува за да има шуми, но сепак недоволно сува за да бидат пустини. Степската почва е црница.
Во Македонија денес преостануваат три степски подрачја, подобро опишани како „псевдостепи“. Тие се Ќучук Кол, Сландол и Богословец.[2]
Подрачјата со степи се одликуваат со полупустинска и континентална клима. Лете се јавуваат врели температури како 40 °C, а зиме се спуштаат до –40 °C. Постои и голема разлика помеѓу денот и ноќта — во монголските висорамнини денската температура може да изнесува 30 °C, а ноќната да падне под нулата.
Степите на средни географски ширини се одликуваат со врели лета и студени зими, и просечни годишни врнежи од 250–500 мм. Дали едно подрачје има степска клима не зависи само од количеството на врнежи, туку и од потенцијалната евапотранспирација.