политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Стевчо Јакимовски (р. 27 август 1960 во Подржи Коњ, Кривопаланечко) — македонски политичар, претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и градоначалник на Општина Карпош.[1]
Стевчо Јакимовски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Карпош | |
На должноста 2021 – во служба | |
Претходник | Стефан Богоев |
Градоначалник на Општина Карпош | |
На должноста 2009 – 2017 | |
Претходник | Андреј Петров |
Наследник | Стефан Богоев |
Градоначалник на Општина Карпош | |
На должноста 2000–2003 | |
Претходник | ? |
Наследник | Андреј Петров |
Министер за економија | |
На должноста 2 јуни 2004 – 15 ноември 2004 | |
Премиер | Владо Бучковски |
Претходник | Илиjа Филиповски |
Наследник | Фатмир Бесими |
Министер за труд и социјална политика | |
На должноста 15 ноември 2004 – 28 август 2006 | |
Премиер | Владо Бучковски |
Претходник | Јован Манасиевски |
Наследник | Љупчо Мешков |
Лични податоци | |
Роден(а) | 27 август 1960 Подржи Коњ, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | ЛДП СДСМ ГРОМ |
По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Исто така, Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.
Јакимовски е оженет, има два сина, Дамјан и Гоце Јакимовски, кој е сопственик и управител на „Транс Медитор“ ДООЕЛ, претпријатие што претежно се занимава со патен транспорт.[2]
Стевчо Јакимовски влегол во политиката во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младината на Југославија. Оттогаш, тој бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за економија и министер за труд и социјална политика. Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии: најпрвин бил член на Либерално-демократската партија, потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ.[3]
Функцијата градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат.[2] За време на неговиот мандат како градоначалник, општина Карпош е прогласена за најпосакувано одредиште за живеење, според анкетата на Центарот за истражување и анализа (ЦИА) спроведена во декември 2011 година. Исто така општината е прогласена за општина со највисока транспарентост (во 2010 година од страна на Форум Аналитика), општина со најголема социјална инклузија (од страна на Институтот „Евро Балкан“ во 2010 година), најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата (од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012), а општина Карпош стана единствена општина-членка на Европското тело за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата општина.
Во 2013 година, Стевчо Јакимовски ја формирал политичка партија Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), со која првпат настапил на претседателските избори во 2014 година, како и на предвремените парламентарни избори во 2016 година.
На локалните избори во 2017 година, Јакимовски повторно се кандидирал за градоначалник, како кандидат на ГРОМ.[4] Кампањата за локалните избори ја завршил со хомофобен говор.[5]
Бил кандидат на претседателските избори во 2024 година, со освоени 8.121 гласа или 0.91% од гласовите, во коалиција "Храбро за Македонија" со ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.
Стевчо Јакимовски за својата активност е добитник на повеќе меѓународни награди и признанија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.