Старонордиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старонордиски јазик — северногермански јазик што го говореле жителите на Скандинавија и колонизираните викиншки територии сè до околу 1300 г.
Старонордиски | |
---|---|
dǫnsk tunga, dansk tunga („дански јазик“), norrœnt mál („нордиски јазик“) | |
Застапен во | Скандинавија, Шкотска, Ирска, Англија, Велс, Ман, Нормандија, Винланд и Волга, како и местата помеѓу нив |
Ера | кон XIV век се разделил на разни северногермански јазици |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | рунско, а потоа латиница |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | non |
ISO 639-3 | non |
Кон VIII век, пранордискиот јазик се развил во старонордиски, а пак овој почнал да се развива во денешните северногермански јазици кон средината до крајот на XIV век. Во пишан облик, старонордискиот се задржал подлабоко во XV век.[1]
Јазикот се делел на три наречја: источно, западно и гутниско. Западното и источното образувале дијалектен континуум, без остри географски граници помеѓу нив и со значајни мешања на говорите на разни територии.
Исландскиот „Гускин законик“ (Grágás) од XII век вели дека Швеѓаните, Норвежаните, Исланѓаните и Данците говорат еден ист „дански јазик“ (dǫnsk tunga).[2] Западното наречје се нарекувало „нордиски говор“ (norrœnt mál). Од овој јазик се произлезени денешните северногермански јазици (исландскиот, фарскиот, норвешкиот, данскиот и шведскиот), кои се одликуваат со голема мера на заеморазбирливост.