Старо Кралство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во Египет во својата 30 вековна историја владееле 31 фараони. Историјата се дели на три дела и тоа Старо, Средно и Ново Кралство.
Во Старото Кралство (3000 — 2000 година п.н.е.) се воделе борби на првите фараони за територијалното проширување на Египет. Државата се проширила сè до Синајскиот Полуостов и Северна Нубија. Почнала да јакне локалната аристократија на сметка на централна власт. Египет почнува да се распаѓа на помали делови таканаречени номи кои првин ја претставувале моќта на државата. Почнале да се градат првите пирамиди. Најпознати владетели се: Зосер (ја изградил првата пирамида), Снофру и Кеопс (ја изградил најголемата пирамида).