Список на фараони
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија содржи список на фараони на Стариот Египет, од ранодинастичкиот период пред 3000 п.н.е. па сѐ до крајот на Птолемаидската династија, кога Египет станал римска провинција под водство на Октавијан Август во 30 п.н.е.
Важно е да се спомене дека речиси сите дадени години се приближни. Датирањето во египтологијата има разни системи, зависно од нивната структура и претпоставки. Ова е една таква интерпретација, но сигурно не и единствената.