Стандарден мандарински јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стандардниот мандарински (локално познат под разни изворни називи) е службен кинески јазик во денешна НР Кина и Тајван, и еден од четирите слуижбени јазици на Сингапур.
Стандарден мандарински | |
---|---|
普通話 / 普通话 Pǔtōnghuà 國語 / 国语 Guóyǔ 標準華語 / 标准华语 Biāozhǔn Huáyǔ 現代標準漢語 / 现代标准汉语 Xiàndài Biāozhǔn Hànyǔ | |
Застапен во | НР Кина, Тајван, Сингапур |
Јазично семејство | синотибетско
|
Статус | |
Службен во | Кина Тајван Сингапур |
Регулативен орган | НР Кина: Национален јазичен регулативен комитет[1] Тајван: Национален јазичен комитет Сингапур: Совет за промовирање на мандаринскиот јазик/Кампања „Говорете мандарински“[2] |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Фонологијата на стандардниот мандаринскиот јазик се заснова на пекиншкиот дијалект на мандаринскиот јазик, голема и разнолика група од кинески дијалекти што се говорат ширум северна, средна и југозападна Кина. Лексиконот е составен главно од оваа група дијалекти. Граматиката е стандардизирана во согласност со современите книжевни дела напишани на книжевен кинески јазик, кој во практика ги следи истите норми како мандаринските дијалекти, со извесни значајни исклучоци. Како резултат на ова, во секојдневната неакадемска употреба, самиот стандарден мандарински се нарекува само „мандарински“. Меѓутоа, јазичарите користат „мандарински“ за целата јазична група.