Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници (стар правопис: Стамболовщината въ Македония и нейнитѣ прѣдставители) е брошура напишана по барање на Централниот комитет на МРО. Одлуката за нејзино создавање е донесена за време на Јануарската средба и притоа македонскиот нациналноослободителен деец Петар Поп Арсов бил задолжен да ја создаде. Брошурата е печатена во Софија од страна на Иван Хаџи Николов. Бидејќи постоела опасност по животите на нејзините автори, П. Поп Арсов се потпишал со псевдонимот Вардарски, а како место на печатење е означена Виена. Брошурата била напишана на бугарски јазик, притоа таа не била наменета само за Македонците, туку и за македонската емиграција и бугарите во Бугарија. Оваа брошура имала задача да ја разобличи политиката на Бугарскиот премиер Стефан Стамболов и црковно - просветната пропаганда на Бугарската егзархија во Македонија.[1]
Корица на оригиналната верзија | |
Автор | Петар Поп Арсов |
---|---|
Преведувач | Петар Стојанов • Ванчо Ѓорѓиев |
Земја | Бугарија |
Јазик | стар правопис |
Жанр | националноослободителна |
Издадена | прво издание: 1894 година во Софија |