From Wikipedia, the free encyclopedia
Спутник 1 е првиот вештачки сателит пуштен во орбита околу земјата и беше лансиран од космодромот Бајконур во Тјуратам, 370 километри југозападно од гратчето Бајконур во Казахстан. На руски "Спутник" значи "сопатник", или сателит, во овој случај. Оваа летало претставува алуминиумска сфера со пречник од 58 сантиметри што носеше четири големи, од 2,4 до 2,9 метри долги, антени од страна. Масата му изнесуваше 83.60 килограми.
Лансиран: | 4 октомври 1957 во 19:12 по Гринич, од космодромот Бајконур LC-1, со A/"Спутник" (8K71PS M1-1PS). |
Орбита: | 227 км x 947 км x 65,1° x 96,8 min. |
Испаднат од орбита: | 4 јануари 1958 |
Реплика на Спутник 1 | |
Имиња | Спутник 1 Object PS (Prosteishiy Sputnik) Простейший Спутник-1 Elementary Satellite-1 |
---|---|
Вид задача | Technology demonstration |
Стопанисувач | OKB-1 |
Харвардска ознака | 1957 Alpha 2[1] |
COSPAR-ознака | 1957-001B |
SATCAT-бр. | 00002 |
Траење на задачата | 22 денови (achieved) |
Направени обиколки | 1440[2] |
Особини на леталото | |
Летало | Sputnik-1 |
Произведувач | OKB-1 Ministry of Radiotechnical Industry |
Маса | 83.6 kg (184 lb) |
Димензии | 58 cм (1.90 ст) diameter |
Моќност | 1 watt |
Почеток на задачата | |
Датум на лансирање | 4 октомври 1957, 19:28:34 UTC |
Ракета | Sputnik 8K71PS[3] |
Место | Baikonur Cosmodrome Site 1/5[3] |
Изведувач | OKB-1 |
Крај на задачата | |
Расходување | Atmospheric entry |
Посл. контакт | 26 октомври 1957 |
Датум на распад | 4 јануари 1958[3] |
Орбитални параметри | |
Појдовен систем | Geocentric orbit[4] |
Режим | Нискоземјина орбита |
Голема полуоска | 6,955.2 km |
Занесеност | 0.05201 |
Периапсида | 215 kм (705,000 ст) |
Апоgee | 939 kм (3,081,000 ст) |
Наклон | 65.10° |
Период | 96.20 minutes |
Инструменти | |
Radio transmitter 20.005 and 40.002 MHz | |
Sputnik program |
Инструментите и изворите на електричната енергија беа поставени во затворена капсула и вклучувале трансмитери, а емисииите се случуваа најизменично во групи на секои 0,3 секунди. Даунлинк телеметријата вклучуваше податоци за температурите внатре и на површината од сферата. Сателитските трансмитери работеа 3 недели, додека хемиските батерии конечно не откажаа, и беа набљудувани со голем интерес во целата земја. Леталото испрати податоци за густината на горните слоеви на атмосферата и ширењето на радио брановите во јоносферата.
Малата, но многу исполирана сфера беше тешка за набљудување со голо око, поради нејзината сјајност од 6-та магнитуда, но затоа ракетниот потиснувач кој исто така ја достигна Земјината атмосфера беше подобро видлив навечер како објект од прва магнитуда. Спутник испадна од орбитата 92 дена после лансирањето, откако заврши 1400 свртувања околу Земјата, со кумулативно пројдени 70 милиони километри. Сателитот и лансирачите беа развиени од бирото за дизајн на Сергеј Корлјов NII-88/Подлипки ( денешна РАКЕТНО-КОСМИЧЕСКАЯ КОРПОРАЦИЯ "ЭНЕРГИЯ").
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.