From Wikipedia, the free encyclopedia
Спортска сала Билјанини Извори — една од најголемите мултифункционални спортски сали во Македонија. Салата била отворена во август 1998 година со ракометниот турнир Трофеј Македонија, а има сместивост од 3,000 гледачи. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008.[2]
Спортска сала „Билјанини Извори“ | |
---|---|
Место | Охрид, Македонија |
Отворен | 1998 |
Сопственик | Општина Охрид |
Игра | РК Охрид КК АМАК СП |
Гледачи | 3,000[1] |
Салата е дел од спортскиот комплекс Билјанини извори во чиј состав се наоѓаат и стадионот Билјанини извори, атлетска патека и помошни игралишта за фудбал. Овој комплекс се користи како тренинг камп на Македонската фудбалска репрезентација. Исто така овој терен го користат и спортски клубови од Македонија и соседните држави за подготовки и тренинзи.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.