Список на султани на Османлиското Царство
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Султаните на Османлиското Царство (турски: Osmanlı padişahları), кои биле членови на Отоманската династија (Куќа на Осман), владееле со трансконтиненталното царство од неговото формирање во 1299 година до неговото распаѓање во 1922 година. Во неговиот највисок врв, Отоманското Царство се протегало од Унгарија на север до Јемен на југ и од Алжир на запад до Ирак на исток. Администриран најпрвин од градот Согут пред 1280 година, а потоа и од градот Бурса од 1323 или 1324 година, главниот град на царството било преместено во Одрин во 1363 година по неговото освојување од страна на Мурат I, а потоа и во Цариград (денешен Истанбул) во 1453 година по неговото освојување од страна на Мехмед II[1].
Султан на на Отоманското Царство | |
---|---|
Поранешна монархија | |
Imperial | |
Царскиот грб | |
Најпознат султан Сулејман I 30 септември 1520 – 6 септември 1566 | |
Прв владетел | Осман I (ок. 1299–1323/4) |
Последен владетел | Мехмед VI (1918–1922) |
Звање | Неговото Царско Височество |
Резиденција | Палати во Истанбул:
|
Прогласил | Наследна |
Монархијата започнала | ок. 1299 |
Монархијата завршила | 1 ноември 1922 |
Сегашни претенденти | Дјундар Али Осман |
Раните години на Отоманското Царство се предмет на различни наративи, поради недостаток на извори, поради кое за овој период постојат и неколку легенди. Царството било основано кон крајот на 13 век, а нејзин прв владетел бил Осман I, според кој е и наречено царството. Според подоцнежната, честопати несигурна отоманска традиција, Осман бил потомок на племето Каји од Огузите[2]. Истоимената отоманска династија што ја основал опстојувала шест века низ владеењето на 36 султани. Царството исчезнало како резултат на поразот на Централните сили во кое и самото царство членувало по крајот на Првата светска војна. Поделбата на царството од победничките сојузници и последователната Турска војна за независност довеле до укинување на султанот во 1922 година и раѓањето на модерната Република Турција во 1922 година[3].