![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6b/Sparta_Territory.svg/langmk-640px-Sparta_Territory.svg.png&w=640&q=50)
Спарта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кратки факти
Спарта | |||||
Σπάρτα | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() Територијата на античка Спарта. | |||||
Главен град | Спарта | ||||
Јазици | Дорско-грчки | ||||
Вероисповед | Политеизам | ||||
Уредување | олигархија | ||||
Историски период | Класична антика | ||||
- | Основана | 6 век п.н.е. | |||
- | Пелопонеска Лига | 546-371 п.н.е. | |||
- | Замрела | 195 п.н.е. | |||
Затвори
Спарта (дорски: Σπάρτα атички: Σπάρτη) — град-држава во Стара Грција, ситуирана на реката Еврота во јужниот дел на Пелопонез. Од 650 п.н.е. таа прераснала во доминантна воена сила во регионот, и како таква била признаена за целосен водач на комбинираните грчки сили за време на Грчко-Перскиските војни. Меѓу 431 и 404 п.н.е., Спарта била противникот на Атина за време на Пелопонеската војна. До 362 п.н.е., улогата на Спарта како доминантна воена сила завршила. Спарта со своето славно минато е предмет на восхит за светот; обожувањето и восхитот кон Спарта е наречен Лаконофилија.