![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/US-hoosier-family.jpg/640px-US-hoosier-family.jpg&w=640&q=50)
Социјализација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјализацијата претставува процес во рамките на кој поединците го учат начинот на живот во општеството или групата и така се оспособуваат за живот во неа. Тоа претставува процес на учење кој се остварува преку взаемна интеракција помеѓу членовите во едно општество. Преку социјализацијата од човекот, кој е роден како беспомошно и потполно зависно суштество од другите, се развива во општествено суштество со голем број на вариетети на вештини и знаења, вредности и примероци на однесување. Социјализацијата претставува процес на учење во кој се усвојуваат нормите и правилата на својата култура со која стануваме способни за да дејствуваме во општеството. Доследно на тој поим значи да станеме општествени. Социјализацијата е општествена вредност, во рамките на која нормите и обрасците на однесување се пренесуваат од една генерација на друга, кои се усвојуваат за да бидат составен дел од личноста.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/US-hoosier-family.jpg/640px-US-hoosier-family.jpg)
«Културата има свој континуитет, правила и обрасци на однесување. Културните вредности кои се содржани во Јудаизмот на пример, се пренсеуваат од генерација на генерација веќе со илјади години. Нам пак ни се чини дека континуитетот кој постои е многу поголемо достигнување. Пред да се направи потполна измена на луѓето во секоја генерација, секоја генерација треба целокупната култура да ја пренесе на секоја наредна генерација, тој процес се нарекува социјализација» [1]