Сончев часовник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сончев часовник — часовник кој го мери времето според положбата на Сонцето. Најчестиот облик на часовник, како што е „обичен“ или стандарден градинарски сончев часовник, фрла сенка на рамна површина на која се означени часовите. Како што се менува положбата на Сонцето, така се менува и времето прикажано со сенката. Сончевите часовници можат да се прилагодат на која било површина на која фиксен предмет фрла сенка.
Сончевите часовници го покажуваат само дневното сончево време.