From Wikipedia, the free encyclopedia
Овошен сок е вид на безалкохолен напиток кој се добива со цедење на соковите од овошјата и зеленчукот. Овошниот сок исто така може да се однесува и на течностите на кој им се дава вкус на овошје или други биолошки прехранбени извори, како што се месо и морски продукти (-{e.g.}-, сок од школки). Сокот обично се конзумира како напиток или се користи како состојка или зачин во храната или другите пијалаци, како што се смути напитоците. Сокот се појавил како популарнен избор на пијалак откако со методот на пастеризација е овозможена његовата презервација без користење на ферментација (пристап кои се користи кај производството на вино).[1] Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) го проценила целокупното светско производство на сокови од цитрусно овошје кое изнесувало 12.840.318 тони во 2012 година.[2] Најголеми потрошувачи на овошниот сок се Нов Зеланд (готова чаша, или 8 унци, дневно) и Колумбија (повеќе од три чевртини чаши дневно). Конзумацијата на овошниот сок во просек се зголемува со зголемувањето на нивото на приходот на земјата.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.