Снегово
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Снегово — раселено село во Општина Битола чиј атар се издига до сртот на Облаковска Планина, во околината на градот Битола.
Снегово | |
Координати 41°4′1″N 21°17′39″E | |
Општина | Битола |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 02109 |
Надм. вис. | 973 м |
Снегово на општинската карта Атарот на Снегово во рамките на општината | |
Снегово на Ризницата |
Селото се наоѓа северно од градот Битола и се оди по земјен пат преку населбата Баир. Исто така, може да се стигне и преку село Крклино. Надморската висина изнесува 973 метри.
Во XIX век Снегово е мало албанско село во Битолската каза на Османлиското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Снегово живееле 45 жители, сите Албанци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[3]
Селото е наполно иселено по 1953 година, кога броело 166 жители, сите Албанци.[4]
Според пописот во 2002 селото е без жители.[5] Истото е потврдено и на пописот во 2021 година.
Снегово било албанско село.
Родови во селото биле: Саитлалар (3 куќи), Мустафај (4 куќи), Арифи (4 куќи) и Салиалар (1 куќа) споменатите албански родови се намножиле од три доселени куќи, домаќините се викале Ариф, Мустафа и Ибраим, доселени од селото Ќилина во Колоња (јужна Албанија). Имаат роднини во Нижеполе (Баку), во родот Мустафај се знае следното родословие: Рамуш (жив на 76 г. во 1950-тите) Демир-Мусатафа, предокот кој се доселил.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.