Скот Шепард
американски астроном / From Wikipedia, the free encyclopedia
Скот Сендер Шепард (англиски: Scott Sander Sheppard, р. 19 февруари 1976 ) — американски астроном, откривач на голем број месечини, комети и мали планети во надворешниот Сончев Систем.[1][2][3]
Шепард е астроном во Одделението за земски магнетизам при Научниот Карнегиев институт во Вашингтон. Додипломските студии ги завршил на колеџот „Оберлин“ на Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет, каде веќе открил поголем број мали месечини на Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Исто така го открил и првиот следечи Нептунов тројанец, 2008 LC18 и првиот именуван водечки тројанец на таа планета, наречен 385571 Отрера. Овие откритија покажале дека Нептуновите тројанци патуваат по високонаклонети орбити и затоа веројатно потфатиле мали тела од другите делови на Сончевиот Систем.
Астероидот 17898 Скотшепард од главниот појас откриен во 1999 г. е наречена во негова чест.[1]