![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/ff/NTrojans_Plutinos_55AU_mk.svg/langmk-640px-NTrojans_Plutinos_55AU_mk.svg.png&w=640&q=50)
Нептунов тројанец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нептунови тројанци — тела во орбита околу Сонцето близу една од стабилните Лагранжови точки на Нептун, сличмо ма тројанците на другите планети. Имаат приближно ист орбитален период како Нептун и приближно ја следат неговата патека. Познати се 22 Нептунови тројанци, од кои 19 кружат околу сончево–нептунската Лагранжова точка L4, 60° пред Нептун,[1] а три вртат околу Нептуновото L5-подрачје 60° зад планетата.[1]
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/ff/NTrojans_Plutinos_55AU_mk.svg/320px-NTrojans_Plutinos_55AU_mk.svg.png)
Нептунови тројанци (избор) · 2001 QR322 · 2005 TN53 · 2007 VL305 |
Плутина · Плутон · Орк · Иксион |
Откривањето на 2005 TN53 во високонаклонета (>25°) орбита е значајно, бидејќи го открива присуството на густ облак од тројанци[2] (Јупитеровиte тројанци имаат наклон до 40°[3]), што укажува на зафат со замрзнување наместо образување на самото место или со судири.[2] Се претпоставува дека големите (≈ 100 км во пречник) облаци од Нептунови тројанци се десеткратно побројни од Јупитеровите.[4][5]
Во 2010 г. е објавено откривањето на првиот Нептунов тројанец во L5 — 2008 LC18.[6] Следечкото L5-подрачје на планетата денес е многу тешко се набљудување бидејќи лежи во видна линија на средиштето на Млечниот Пат, каде небото е преполно со ѕвезди.