Скифат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скифат — поим во нумизматиката кој означува разни вдлабнати (чашкести) византиски монети од XI до XIV век.
Поимот влегол во употреба во XIX век, кога погрешно е протолкувано дека зборот скифат (scyphatus), забележан во јужнојиталијански извори од XI и XII век, доаѓа од грчкиот збор скифос (σκύφος, „чашка“). Подоцна оваа грешка е исправена, и сега се знае дека впрочем потекнува од арапскиот поим шефа, „раб, обод“, и се однесува на карактеристичната обрабра на првобитните златници — хистамени.[1] Должејќи се на ова недоразбирање, поимот скифат подолго време се применува за златни, сребрени и бакарни монети од доцниот византиски период и странските кованици кои ги имитирале. Ваквите монети всушност се нарекуваат трахии (од грч. τραχύ, трахи; „груб, нерамен“).[2]