Сифилис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сифилис е полово пренослива инфекција што ја предизвикува бактеријата спирохета Treponema pallidum подвидpallidum. Примарно се пренесува преку полов контакт; а може да се пренесе и од мајка на дете за време на бременост или при пораѓање, што ќе резултира со вроден сифилис. Други болести кај човекот што се поврзани со Treponema pallidum се фрамбезија (подвид pertenue), пинта(подвидcarateum) и ендемски сифилис (подвидendemicum).
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Сифилис | |
---|---|
Електронска микрографија на Treponema pallidum | |
Специјалност | Инфектологија |
Симптоми | Тврд, безболен кожен чир кој не предизвикува чешање[1] |
Причинители | Treponema pallidum најчесто пренесена преку полов однос[1] |
Дијагностички метод | Крвни тестови[1] |
Диференцијална дијагноза | Многу други болести[1] |
Превенција | Кондоми, сексуална апстиненција[1] |
Третман | Антибиотици[2] |
Честота | 45.4 милиони / 0.6% (2015)[3] |
Смртни случаи | 107,000 (2015)[4] |
Знаците и симптомите на сифилис зависат од една од четирите етапи во кои болеста се јавува (примарен, секундарен, латентен и терцијален). Примарната етапа обично се појавува со pедна шанкра (појава на тврд, безболен гнојаник на кожата што не чеша), секундарниот сифилис се одликува со распространето црвенило што често го има и кај дланките и стапалата, латентниот сифилис нема или има малку симптоми, а терцијалниот сифилис се одликува со гуми, невролошки и срцеви симптоми. Меѓутоа, оваа етапа е позната како „голем имитатор“, поради често атипичната појава. Дијагнозата обично оди преку испитувања на крвта; но, бактеријата може да види и под микроскоп. Сифилисот може ефикасно да се лекува со антибиотици, особено претпочитаниот интрамускулен пеницилин Г (што се дава интравенски за невросифилис) или цефтриаксон, а кај оние што имаат силна алергија на пеницилин се дава доксициклин или азитромицин.
Се верува дека сифилисот во 1999 година инфицирал 12 милиони луѓе во светот, а над 90% од случаите се во земјите во развој. Откако драматично опадна широката распространетост на пеницилинот во 40-те години на 20. век, стапките на инфекцијата во новиот милениум се зголемија во многу земји, често во комбинација со вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ). Ова делумно се припишува на незаштитеното практикување на секс кај мажите што имаат секс со мажи, зголемената промискуитетност, проституцијата и намалената употреба на бариерна заштита.[5][6][7]