Симона Халеп
романска тенисерка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Симона Халеп (родена на 27 септември 1991, во Констанца) — романска тенисерка и поранешен светски број еден, која во досегашната кариера има освоено два гренд-слем трофеи.
Земја | Романија | |
Место на живеење | Констанца, Романија | |
Дата на раѓање | 27 септември 1991(1991-09-27) (32 г.)[1] | |
Место на раѓање | Констанца, Романија | |
Висина | 1,68m | |
Тежина | {{{тежина}}} | |
Професионалец | 26 јуни 2006 | |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд | |
Заработка | 40,203,437 $ | |
Синглови | ||
Резултат: | 579–239 | |
Титули во кариера: | 24 | |
Највисок дострел: | 1 (9 октомври 2017) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | Ф (2018) | |
Ролан Гарос | П (2018) | |
Вимблдон | П (2019) | |
УС Опен | {{{УС Опен}}} | |
Двојки | ||
Резултат: | 67–71 | |
Титули во кариера: | 1 | |
Највисок дострел: | 71 (15 мај 2017) | |
Инфокутијата е последен пат надоградена на: |
Таа го привлекла вниманието во сезоната 2013, во која освоила шест турнири. Истата година ја добила наградата за најперспективен играч во светот.
Халеп стигнала до финалето на Отвореното тениско првенство на Франција во 2014 година и загубила од Марија Шарапова во три сета, а во 2017 година играла во своето второ финале и повторно загубила во три сета, овој пат од Јелена Остапенко. Во својата кариера освоила дваесет и четири титули во поединечна конкуренција и една во двојки.
По неколку сезони на самиот врв на женскиот тенис, таа ја заврши сезоната 2017 како најдобра тенисерка во светот, а истото го сторила и во 2018 година. Таа е првата Романка кој станала број 1 на WTA листата во поединечна конкуренција.
Симона го освоила својот прв гренд-слем на Отвореното првенство на Франција во 2018 година победувајќи ја Слоун Стивенс од САД. Симона го освоила својот втор гренд-слем турнир на Вимблдон во 2019 година, со победа во финалето против Серена Вилијамс од САД.