From Wikipedia, the free encyclopedia
Силенд (англиски: Principality of Sealand) е микронација која полага право на вештачкиот остров Раф Тауер, воена платформа од Втората светска војна во Северното Море, 10 км од брегот на Велика Британија (на координатите 51°53′ 40 N°1′ 28), како и на територијалните води околу во пречник од 12 наутички милји. Силенд го зазел Педи Рој Бејтс со семејството и соработниците, кои себеси се прогласил како Принц Рој од Силенд.
Кнежевство Силенд Principality of Sealand (англиски)
Микронација |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "E Mare Libertas" "Од морето, Слобода" |
||||||
Химна: "E Mare Libertas" |
||||||
Местоположбата на Силенд
|
||||||
Главен град (и најголем) | Силенд 51°53′N 1°28′E | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Народности | Европејци северноамериканци |
|||||
Демоним | силендец | |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
• | Принц | Мајкл Бејтс | ||||
Основана | ||||||
• | Основање | 2 септември 1967 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 0,004 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | 3 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за г. | |||||
• | Вкупен | $600,000 | ||||
• | По жител | $22,200[1] | ||||
Валута | Силендски долар (иста ведност со USD) (SX$ ) |
|||||
Часовен појас | GMT | |||||
Страница sealandgov.org |
Силенд е веројатно светски најпознатата микронација, и иако нејзиниот суверенитет ретко се сфаќа сериозно, примерот на Силенд неретко се цитира во дебатите за меѓународното право.
За време на Втората светска војна, британската влада изградила неколку платформи во Северното Море за да ги брани своите брегови од германските освојувачи. Некои од овие платформи (вклучувајки го и Силенд) биле изградени нелегално во меѓународни води. [2]
Во раните 60-ти, Рој Бејтс, мајор во британската армија, нелегално основал радио станица, сместена на крајбрежјето на напуштена поранешна поморска платформа наречена „Кук Џон“. [3]
Набргу по прогласувањето на независноста, принцот Мајкл, одби седум обиди за вооружена инвазија, употребувајќи арсенал пиштоли и рачно изработени проектили. Кон крајот на шеесетите години, Силенд ќе се најде во борба за опстанок на неколку фронтови бидејќи британската влада станала свесна за Силенд и за потенцијалните проблеми поврзани со новата земја на седум милји од нивниот брег. [4]
Силенд официјално е дел од британските територијални води. Оддлачен е околу 7 милји од британскиот брег. Зафаќа површина од 550 m² и бројот на престојувачи ретко надминува петмина луѓе.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.