Сила Блек
англиска пејачка, глумица и водителка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Присила Марија Вероника Вајт (анг: Priscilla Maria Veronica White; 27 мај 1943 г – 1 август 2015), позната како Сила Блек (Cilla Black) ― англиска пејачка и телевизиска водителка.
Сила Блек РБИ | |
---|---|
Сила Блек во Амстердам, 1970 | |
Роден(а) | Присила Марија Вероника Вајт 27 мај 1943(1943-05-27) Ливерпул, Англија |
Починал(а) | 1 август 2015(2015-08-01) (возр. 72) Естепона, Шпанија |
Почивалиште | Ливерпул |
Занимање |
|
Активен период | 1963–2015 |
Сопружник | Боби Вилис (в. 1969; died 1999) |
Деца | 4 |
Поддржана од нејзините пријатели Битлси, Сила својата пејачка кариера ја започнала во 1963 година. Во 1964 година, нејзините песни „Anyone Who Had a Heart“ и „You're My World“ се искачиле на врвот на топ листата во Обединетото Кралство. Од 1964 до 1971 година имала 11 топ 10 хитови на Британската топ листа, и уште осум кои се пласирале во топ 40. Истражувањето од BBC Radio 2, спроведено во мај 2010 година, покажало дека нејзината верзија на „Anyone Who Had a Heart“ бил најпродаван сингл во Велика Британија од женски изведувач во 1960-тите.[1] Песната „You're My World“ исто така била популарна и во САД, и на Billboard Hot 100 се искачила на 26-то место.
Покрај успешната музичка кариера во 1960-тите и на почетокот од 1970-тите, Сила Блек имала сопствена емисија на Би-Би-Си, насловена Cilla (1968-1976). Кратко време глумела во комични играни филмови, а во 1980-тите и 1990-тите била популарна телевизиска водителка. Водела популарни забавни емисии како: Состанок на слепо (Blind Date) (1985–2003), Изненадување изненадување (Surprise Surprise)(1984–2001) и Момент на вистината (The Moment of Truth) (1998– 2001). Во 2013 година, Сила Блек го прославила јубилејот 50 години во шоу-бизнисот. ИТВ, во нејзина чест, на 16 октомври 2013 година емитувала специјална забавна програма насловена The One & Only Cilla Black. Во програмата учествувала и Сила Блек, а водител бил од Пол Огрејди.[2]
Сила Блек починала на 1 август 2015 година (на 72-годишна возраст). Еден ден по нејзиниот погреб, компилацискиот албум The Very Best of Cilla Black се искачил на прво место на топ листата за албуми во Обединетото Кралство и на Новозеландската листа за албуми; ова бил нејзин прв албум на врвот на топ листите.