Сиетл Суперсоникс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сиетл Суперсоникс бил поранешен американски кошаркарски клуб од Сиетл, Вашингтон. Клубот се натпреварувал во НБА лигата, како член на Западната конференција во Тихоокеанската и Северозападната дивизија од 1967 до 2008 година. По завршувањето на сезоната 2007-2008, тимот се преселил во Оклахома Сити и сега игра под името Оклахома Сити Тандер.
Кратки факти Сиетл Суперсоникс, Конференција ...
Сиетл Суперсоникс | ||||
---|---|---|---|---|
Конференција | Западна | |||
Основан | 1967 | |||
Историја | Сиетл Суперсоникс 1967–2008 Оклахома Сити Тандер 2008–денес[1][2] | |||
Арена | Ки Арена | |||
Град | Сиетл, Вашингтон | |||
Бои на екипата | [3] | |||
Повлечени броеви | 6 (1, 10, 19, 24, 32, 43) | |||
| ||||
Затвори
По одредбите на тужбата на градот Сиетл против сопственичката група предводена од Клеј Бенет, логото, трофеите и повлечените дресови останале во Сиетл, за да можат да му припаднат на некој друг НБА тим од Сиетл,[4] а историјата на франшизата Суперсоникс ќе биде поделена со Оклахома Сити Тандер.[5]