From Wikipedia, the free encyclopedia
Село зад седумте јасени — роман на Славко Јаневски објавен во 1952 година. Романот се смета за прв роман објавен на стандарден македонски јазик и на современ македонски правопис, иако прв напишан роман на современ македонски јазик е „Крпен живот“ од Стале Попов. Романот дава слика на македонското село во времето на колективизацијата. Тој е напишан под влијанието на социјалистичкиот реализам и предизвикува контроверзии меѓу критичарите.[1] Преработената верзија на романот е објавена во 1965 година под насловот Стебла.
Корица на првото издание на романот од 1952 година. | |
Автор | Славко Јаневски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | социјалистички реализам |
Издадена | 1952 |
Медиум | печатено |
Романот „Село зад седумте јасени“ бил издаден во 1952 година и тоа е првото и последно издание на романот, сè до 2018 година. Причината за таквиот развој на романот е тоа што самиот автор, Јаневски, сметал дека романот не ги задоволува неговите книжевни умешности и поради тоа забранил реиздавање на истиот. Подоцна, Јаневски го преработил делото и ги објавил под насловот „Стебла“. Следствено на тоа, до 2018 година значајно е ограничена достапноста на читателите до книгата. Во 2018 година Фондацијата „Славко Јаневски“ го реиздава овој роман заедно со преработката. Кон крајот на романот „Стебла“, во поговорот, а во однос на романот „Стебло зад седумте јасени“, Јаневски објаснува:
„ | Ниеден роман не е веќе прв македонски роман на светот. Ниеден тоа не ќе е. Првата книга СЕЛО ЗАД СЕУМТЕ ЈАСЕНИ ќе ѝ припаѓа на правта на историјата. А јас сакав да прераскажам миг на хибридни чуда. да ги подложам настаните на моите денешни сфаќања за романот. Ова судиите нека не ми го земат како олеснувачка околност.[2] | “ |
Понатака, Јаневски во друга прилика дава подетален опис на неговата одлука за „таквата темелна забрана“ во однос на романот. Јаневски објаснува:
„ | Мојот роман „Село зад седумте јасени“, можеби и добро помина кај читателите, но тој по извесно време ми кажа со него јас не сум зачекорил добро во литературата, не сум зачекорил со полн замав. Затоа целиот роман, поточно, целиот настан го подложив на моите современи сфаќања за романот. Јас во предговорот на Стебла кажувам дека ниту еден друг роман на светот не ќе биде повеќе прв македонски роман, но Село зад седумте јасени не го ставам повеќе ниту во еден мој избор, ниту, пак, дозволувам негово препечатување. Мислам дека она што сакав да го кажам за времето на колективизацијата, го кажав во втората варијантана Село зад седумте јасени, во Стебла...[3] | “ |
Романот е составен од три дела во кои е раскажана целата приказна. Првиот дел е составен од 13 поглавја, вторниот дел е составен од 16 поглавја, а третиот дел е најмал и е составен од 8 поглавја. Романот е напишан во трето лице, каде објективно се прераскажуваат настаните, личностите, нивните мисли и чувства. На крајот на романот запишани се датумите: „1949 - 1951'.
Романот почнува со опис на селото Јасенско и неговите жители. Селото е измислено, но сепак неговата местоположба се наведува помеѓу Огражден и Беласица, во непосредна близина на границата со Грција. Жителите се делат на главните комунистички активисти, главните противници на колективизацијата и неопределените, меѓу кои Стојан со семејството. Покрај описот на селото, романот ги претставува и главните ликови во приказната, нивното минато и маките и радостите низ кои поминале истите. Паралелно со тоа, се навраќа и на партизанското движење, создавањето на слободната држава и дава увид на првите почетоци на стопанската организација на регионот. Комунистите, предводени од Дане, се залагаат за основање на задруга и започнување на процесот на колективизација. На ова се спротивставуваат Оканица и неговите соработници, првенствено Марко (негов кум од соседното село) и Апостол (син на Трпана, љубовник на Костадинка и страствен пијач на ракија). Понатака, се дава преглед на соседното село и авторот ја опишува омразата и нетрпеливоста која постои меѓу двете села. Во тој период се враќа синот на Стојан, Илија, од војска и се загледува со Борјанка - мома од соседното село. Нивната љубов станува страстна, но не е одобрена од двете семејства поради омразната на селата. По неколку обиди за стројници, двајцата одбиваат да се венчаат со туѓинци. Судбината на Илија во приказната е тажна, бидејќи тој е убиен од Марко и Апостол, додека чекале да го застрелаат Дане.
Селата се одделени со јасени, кои во текот на приказната се исекуваат. Остануваат само два. Огромната омраза помеѓу селата и завидноста при крајот на приказната резултура со ненадејно зближување. Двете села се освестуваат и стауваат свесни за сите злодела кои настанале во изминатиот период. Следствено на тоа, а благодарение на Дане и неговите соработници, селаните од двете села се сложуваат да соработуваат заедни и да изградат заедничка задруга. Ова ги уништува и последните обиди на противниците за социјален преврат во регионот.
Централните ликови во „Село зад седумте јасени“ опфаќаат селани од две соседни села. Жителите од селото зад сеумте јасени, именувано како „Јасенско“, се познати како „Јасенчани“. Бидејќи двете села се непријателски настроени меѓу себе, погрдно ги нарекуваат своите соседи од соседното село како „Говедари“.
Јасенчаните, кои се во центарот на вниманието на романот, се:
„Говедарите“, односно селаните од соседното село се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.