![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0f/Kinemetrics_seismograph.jpg/640px-Kinemetrics_seismograph.jpg&w=640&q=50)
Сеизмометар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сеизмометар — инструмент што ги мери и запишува движењата на тлото, вклучувајќи го и движењето предизвикано од сеизмичките бранови при земјотреси, јадрени експлозии и други сеизмички извори. Записите на сеизмичките бранови им овозможуваат на сеизмолозите да ја проучат внатрешноста на Земјата, како и да ја пронајдат и измерат јачината на овие извори.[1] Сеизмограф е друг израз за сеизмометар, иако е посоодветен на постарите инструменти во кои мерењето и запишувањетo на Земјиното движење се комбинирани, додека во новите инструменти овие две функции се одвоени.[2] Двата типа на инструменти обезбедуваат континуирани записи на движењето на тлото. Инерцијалните сеизмометри се состојат од:
- Маса наречена инерцијална маса, која може да се движи во однос на рамката на инструментот, но е закачена за инструметот (со федер) така што таа се држи до рамката кога нема движење.
- Средство за запишување на движењето во однос на рамката, или на силата потребна да ја држи во мирување. Било кое движење на тлото ја придвижува рамката. Масата има тенденција да не се придвижи поради инерцијата и мерејќи го релативното поместување помеѓу рамката и масата, се определува поместувањето на тлото иако масата не се движи.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0f/Kinemetrics_seismograph.jpg/640px-Kinemetrics_seismograph.jpg)