Седумте словенски племиња (бугарски: Седемте славянски племена), или Седумте рода (бугарски: Седемте рода) биле сојуз на словенски племиња во Дунавската рамнина, воспоставен во средината на 7ми век кој учествувал во создавањето на Првото Бугарско Царство заедно со Прабугарите во 680−681 година.[1]

Thumb
Седумте словенски племиња за време на формирањето на Првото бугарско царство во 681

Од своето формирање Сојузот трпел напади од страна на Византиската империја. Бугарите го преминале Дунав во 670-те и склучиле сојуз со Словените. Теофан Исповедник пишува дека Бугарите станале господари на Словените. Словените го признале суверенитетот на хан Аспарух и заедно, во пролетта 681, извојувале голема победа над Византијците.

Кон крајот на 7ми век на словенските племиња им била доделена одбраната на границите на новосоздаденото Бугарско ханство (реката Искар до нејзиното устие во Дунав) од аварски напади, како и некои од премините на Стара Планина, додека Северјаните, чие евентуално учество во сојузот не е јасно, го чувале источниот дел од планината.[2]

Седумте словенски племиња, заедно со другите словенски и несловенски племиња во Бугарското царство, постепено го формирале Бугарскиот етникум во 9ти век, кога се случило и покрстувањето на Бугарија за време на Борис I и претходните административни реформи кои ги лишиле од нивната автономија и самоуправување преку формирањето на Комитати.

Аспаруховите Бугари, кои не биле бројни, се населиле на Балканот во еден миграциски бран, при што Михаил Сириски опишува дека нивниот број изнесувал 10,000.[3] Затоа, тие постепено биле асимилирани во словенската култура, до 10ти век го прифатиле словенскиот јазик, додека бугарскиот јазик во царството изумрел.[4]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.