From Wikipedia, the free encyclopedia
Светскиот трговски центар (англ. World Trade Center) во Њујорк, САД бил комплекс од седум згради во долниот Менхетен, дизајнирани од архитектот Минору Јамасаки и инженерот Лесли Робертсон, а изграден од Пристанишните власти на Њујорк и Њу Џерси кои го поседувале земјиштето.
Светски трговски центар World Trade Center Towers | |
---|---|
Кулите близначки кај Светскиот трговски центар во март 2001 година. | |
Светски трговски центар World Trade Center Towers биле највисоките градби во светот од 1972 до 1973 г. г.[I] | |
Рекордна висина | |
Претходна | Емпаер Стејт Билдинг |
Следна | Вилис тауер |
Општи податоци | |
Место | Њујорк |
Состојба | разрушена |
Изградба | 1 WTC: 1966–1972 2 WTC: 1966–1973 3 WTC: 1980–1981 4, 5, & 6 WTC: 1975–1979 7 WTC: 1985–1987 |
Урната | 11 септември 2001 |
Висина | |
Антена/шилец | 1 WTC: 1,727 ft (526.3 m) |
Покрив | 1 WTC: 1,368 ft (417.0 m) 2 WTC: 1,362 ft (415.0 m) |
Последен кат | 1 WTC: 1,355 ft (413.0 m) 2 WTC: 1,348 ft (411.0 m) |
Технички податоци | |
Спратови | 1 & 2 WTC: 110 спрата 3 WTC: 22 спрата 4 & 5 WTC: 9 спрата 6 WTC: 8 спрата 7 WTC: 47 floors |
Вкуп. површина | 1 & 2 WTC: 4,300,000 sq ft (400,000 m2) 4, 5, & 6 WTC: 500,000 sq ft (50,000 m2) 7 WTC: 1,868,000 sq ft (170,000 m2) |
Лифтови | И двете градби имале по 99 лифтови |
Фирми | |
Архитект(и) | Минору Јамасаки Emery Roth & Sons |
Градеж. инженер | Лесли Робертсон |
Изведувач | Tishman Realty & Construction Company |
Сопственик | Port Authority of New York and New Jersey |
^ Наполно погодна за станување, самостојна, од главниот влез до највисокиот дел. Погледајте и: список на највисоки градби во светот. |
Изградбата започнала во 1966, а целосно завршила на 4 април 1973. Најдобро е познат по двете 110-катни кули-близначки високи по 417м (со антената на северната кула 526,3м). Терасата на врвот на јужната кула и ресторанот на северната кула нуделе спектакуларна глетка на Менхетен и околината.
Комплексот, со вкупна површина од 1,24 милиони м² деловен простор, сместен во срцето на финансискиот кварт на Менхетен бил израз и одраз на престижот на американската финансиска индустрија. Во вообичаен работен ден, во кулите работеле 50.000 луѓе и уште околу 200.000 поминувале како посетители. Комплексот дури имал и сопствен поштенски број - 10048.
Поради својата симболика, Светскиот трговски центар бил мета на непријателите на САД. Во 1993. група исламски терористи предводени од Рамзи Јусеф со автомобил-бомба[1] се обиделе да ја соборат северната кула во јужната и така што ги урнат двете.[2][3] Планот не им успеал бидејќи експлозијата не ја урнала северната кула, но направила големо оштетување при што загинале 6, а биле повредени над 1000 лица.
Утрото на 11 септември 2001. терористи на Ал-Каеда[4], управувајќи со 2 претходно грабнати авиони од типот Боинг 767, се удриле во кулите во временско растојание од 16 минути. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите. Од седумте згради од комплексот на Светскиот трговски центар, кулите, а по нив и уште две други се урнале, а другите три биле непоправливо оштетени од уривањето. Загинале 2.998 луѓе, 19 терористи, а биле повредени повеќе од 6.291.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.