Сашо Гешовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сашо Гешовски (Кавадарци, 31 октомври 1971 - Сплит, Хрватска, 6 мај 1991 ) бил првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. Тој бил застрелан на 6 мај додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.[1][2]
Во конфликтите кои започнаа во СФРЈ загинаа четириесетина македонски војници кои се најдоа во редовите на некогашната ЈНА.
На 6 мај во 2011 година точно во 11 часот кога во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски, во организација на кавадаречкиот градоначалник и фамилијата Гешовски на градските гробишта во Кавадарци била одбележана дваесетгодишнината од трагичниот настан. Почит кон Гешовски и кон жртвите од распадот на СФРЈ оддал и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.[3]