Сариѓол (област)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сариѓол[1] (грчки: Σαρῆ Γκιόλ[2]) или Кајларско Поле — голема котлина во западна Егејска Македонија, денес во Грција. Оградена е на исток од планината Каракамен со краците Негушка Планина (Дурла) на североисток и Докса на југоисток. На југозапад се издига планината Сињак, а од северозапад е Нередска Планина (Вич). На југ Сариѓол преминува во Кожанското Поле, а на север се четирите езера — Рудничкото, Зазерци, Островското и Петерското, како и планините Мала Река и Мала Ниџе. Најважно населено место во котлината е градот Кајлари (Птолемаида).