From Wikipedia, the free encyclopedia
Сара Кирш (16 април 1935 - 5 мај 2013) била германска поетеса.[1]
Таа е родена како Ингрид Бернштајн во Лимлингероде, Пруска Саксонија. Таа го променила нејзиното име во Сара, за да протестира против антисемитизмот на нејзиниот татко.[1] Студирала биологија во Хале и книжевност на Институтот за литература Јоханес Р. Бехер во Лајпциг.[1] Во 1965 година, таа заедно со писателот Рајнер Кирш напишала книга со песни, а со него била во брак десет години.[2] Таа протестирала против исклучувањето на Источна Германија на Волф Бирман во 1976 година, што довело до нејзино исклучување од Партијата на социјалистичкото единство на Германија (СЕД).[1] Една година подоцна таа самата ја напуштила државата, сепак останувајќи критична и кон западот. Таа е главно позната по нејзината поезија, но исто така пишувала и проза и преведувала книги за деца на германски.[3]
Според Целосен преглед, „големите пост-воени поети на германскиот јазик биле главно Источногермански (или австриски) родени кон средината до крајот на 1930-тите, вклучувајќи истакнати личности како Фолкер Браун, Хајнц Чеховски“ и Сара Кирш, која била „најмногу истакната женска претставничка на таа генерација.“ [4]
Таа освоила многу награди и признанија, меѓу кои и Германската интернационална литературна награда Петрарка во 1976 година, наградата Питер-Хухел во 1993 година и наградата Георг Бихнер во 1996 година.[1] Од 1960-та до 1968-ма година била во брак со лиричарот Рајнер Кирш. Сара Кирш починала во мај 2013 година по кратка болест.[1][5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.