Саке
From Wikipedia, the free encyclopedia
Саке, (канџи: 酒)(Изговорⓘ) исто така познато како Јапонско оризово вино,[1][2][3] е алкохолен пијалак направен со ферментација на ориз кој е исчистен за да се отстранат триците. И покрај името Јапонско оризово вино, сакето, и кое било источноазиско оризово вино (како што се хуангџу и чеонгџу), е произведено со процес посличен со тој на пивото, каде скробот се претвора во шеќери, кои ферментираат во алкохол, додека со виното, алкохолот е произведен со ферментација на шеќерите кои се природно присутни во овошјето, обично грозјето.
Саке шише, Јапонија (1740 г.) | |
Тип | Алкохолен пијалак |
---|---|
Земја на потекло | Јапонија |
Алкохол по волумен | 15–22% |
Процесот на подготовка на сакето се разликува од процесот за правење пиво, каде претворањето на скробот во шеќери и потоа од шеќери во алкохол се јавува во две различни чекори. Како и другите оризови вина, кога сакето е сварено, овие конверзии се јавуваат истовремено. Алкохолната содржина се разликува помеѓу сакето, виното и пивото; додека повеќето пива содржат 3-9% алкохол, виното генерално содржи 9-16%,[4] а нефилтрираното саке содржи 18-20% алкохол (иако ова често се намалува на околу 15% со разредувањето со вода пред флаширање).
На Јапонски, знакот саке (канџи: 酒) може да се однесува на било кој алкохолен пијалак, додека пијалакот наречен „саке“ на за западниот свет обично се нарекува „нихоншу“ (日本酒; бук. „Јапонско вино“). Под Јапонските алкохолни закони, сакето е означено со зборот „сеишу“ (清酒; „чисто вино“), синоним кој не се користи често при зборување.
Во Јапонија, каде што е национален пијалак, сакето често се служи со специјална церемонија, каде што нежно се загрева во мала грнчарија или порцеланско шише и се сипува во мали порцелански чаши наречени „саказуки“. Како и кај виното, темпратурата на која се служи сакето варира во голема мера поради видот.