Саат-кула (Неготино)
саат-кула From Wikipedia, the free encyclopedia
саат-кула From Wikipedia, the free encyclopedia
Саат-кула во Неготино — саат-кула во Неготино, подигната во почетокот на XIX век, поточно во текот на 1810 година,[1], од Хаџи Таир-ага Синан близу неговиот чифлиг. Тој го изградил и безистенот во Неготино, кој изгорел во пожарот од 1913 година.
Саат кула | |
---|---|
Моменталната состојба на саат-кулата | |
Општи податоци | |
Град | Неготино |
Земја | Македонија |
Почната | 1810 |
Урната | XX век |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Хаџи Таир-ага Синан |
За историјата на кулата може да се прочита на натписи над влезот на кулата, кои се напишани на арапски јазик.
Во основата, кулата е шестаголна, висока околу 15 метри, и е ѕидана исклучиво од камен, со блокови со дебелина од околу еден метар. Горниот дел завршувал со дрвена конструкција, во кој бил поместен саатот (подоцна урнат). Од западната страна се наоѓа влезот изработен од кршен камен со полукружен надвратник.
Во текот на 2015 година се појавиле планови за нејзина конзервација, по што се очекува објектот да биде и заштитен. Проектот за конзервација на саат-кулата во Неготино е во соработка помеѓу локалниот Музеј на град Неготино, општината и Министерството за култура на Македонија со средства во висина од 500 илјади денари.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.