From Wikipedia, the free encyclopedia
Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ — средно училиште во Прилеп, Општина Прилеп[2].
СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп | |
---|---|
Местоположба | |
Координати | 41°20′36″N 21°33′54″E |
Информации | |
Основано | 1963 |
Директор | Жанета Видевска |
Вработени | 74[1] (2016) |
Наставен јазик | македонски |
Мрежно место | gorcepetrov.mk |
Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ - Прилеп е формирано од две други училишта и тоа: Текстилно-рударското училиште „Илија Игески-Цветан“ и Техничко-дрвопреработувачкото училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“. Училиштето „Илија Игески-Цветан“ со работа почна од 1963 година со профилот ракувач со рударски машини, а во склоп на истото училиште по четири години се формира нов профил - конфекционер. Во 1984 година се формира Училишниот центар за производни занимања „25 Мај“ под раководство на директорот Видан Желчески до 1989 година. Од 1989 до 2002 година СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп беше под раководство на директорот Бранко Лашкоски. Во овој период училиштето е преименувано во ДСУ „Ѓорче Петров“. Од 2002 до 2010 година директор на училиштето СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е Спасе Здравески. Во 2005 година училиштето од ДСУ преминало во СОУ „Ѓорче Петров“. Од 2010 година директор на училиштето е Дејан Димоски.
Патрон на училиштето е Ѓорче Петров, еден од четирите столба на македонската револуционерна борба за слобода и национална самобитност. Ѓорче Петров ги направил првите национални чекори на полето на географијата и етнологијата, во 1896год. ја објавил обемната научна творба под името „Материјали по изучувањето на Македонија“, бил член на ЦК на ТМОРО, а заедно со Гоце Делчев, бил творец на првиот Устав на Македонската Револуционерна Организација. За време на Илинденското востание, летото 1903 година со своја чета составена од македонски емигранти, илегално ја поминал границата и се активирал во востанието на територијата од Прилепско-Мариовскиот регион. Бил убиен од агентите на Тодор Александров, на 28 јуни 1921 година во Софија. Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојноста на Македонија. Неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш е во рацете на Македонците“.
Во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп функционираат следниве струки и профили[3]:
Во рамките на здравствената струка учениците се стекнуваат со знаења од општообразвони предмети, стручни предмети, практични знаења и вештини од следниве профили: медицинска сестра, фармацевтско-лабораториски техничар и физиотерпевтски техничар.
Профилот медицинска сестра, во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен 1998 година. За време на четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети, практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и неговото здравје, запознаени се со општите начела и правила на медицинската сестра, како и сите улоги што ги има таа и правилниот однос кон пациентите. По завршувањето на образованието учениците излегуваат како професионални медицински сестри, кои имаат можност да се вработат во здравствени институции во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Исто така можат да го продолжат своето образование на кој било факултет, но првенствено на факултетите за медицинските науки. Практичната настава започнува во втора година, и истата се изведува во специјално опремени кабинети од доменот на медицината, а потоа во општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ - Прилеп. Се изведуваат и посети на Домот за стари лица „Киро Крстески - Платник“ во Прилеп, како и посети на други приватни или државни здравствени установи низ државата кои претставуваат вредни искуства за учениците. Феријалната пракса е задолжителна за учениците од втора и трета година која се реализира во текот на летниот распуст со времетраење од дваесет работни дена, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија. Работата на учениците се евидентира во дневникот за практична настава.
Профилот - фармацевтски лабораториски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен во 2007 година. Низ четиригодишно образование учениците стекнуваат знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини. После завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како фармацевтски техничар во аптека, лабораторија или да го продолжи своето образование на некој од факултетите. Практичната настава започнува во втора година. Се изведува во лабораторија и во кабинети кои се опремени со потребните инструменти и апарати. Во склоп на лабораторијата има и импровизирана аптека со чија помош учениците се запознаваат со лековите кои ги изучуваат на теоретската настава. Учениците од четврта година посетуваат и практична настава во некои од приватните аптеки. Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења:
Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во приватни аптеки, во времетраење од дваесет работни дена.
Профилот - физиотерапевтски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен во 2012 година. Низ четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини за:
Практичната настава се изведува во специјално опремен кабинет во просториите на училиштето и во физикалната сала во ЈЗУ „Борка Талески“ - Прилеп. Феријалната пракса е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во времетраење од дваесет работни дена.
Профилот Козметички техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп воведен е од 1997 година. Во наставната програма учениците следат теоретска и практична настава. Во теторетската настава ги изучуваат општообразовните и стручните предмети значајни за оваа струка преку кои се запознаваат со општите начела и принципи на еден козметички техничар, нудење на добра услуга на клиентите, задоволување на нивните потреби. Во рамките на практичната настава, учениците изведуваат голем број на козметички постапки, како што се: депилации, масажи, наградба на нокти, маникир, педикир и др., со цел да ги стекнат вештините од областа на козметичарството. Практичната настава се одвива во добро опремен кабинет во просториите на училиштето во времетраење од два дена во една работна недела, а се врши и посета на професионални козметички салони во градот. По завршувањето на средното образование учениците можат да започнат сопствен бизнис со отворање на козметички салон, но исто така можат да го продолжат своето образование во било која високообразовна институција. Своите знаења и вештини, козметичките техничари ги презентираат на различни манифестации во рамките на училиштето, но и надвор од него, како што се:
Профилот фризер во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен од 1997 година. Оттогаш, па сè до денес се обучува идниот стручен кадар во оваа област. Во рамките на овој профил се изведува теоретска и практична настава. Преку изучувањето на разни стручни, како и голем број други предмети учениците се образуваат со цел да имаат добра работна комуникација, да можат да ги осознаат потребите на клиентите, да ги научат основите на фризерството, намената на материјалите и сл. За идната работа како професионални фризери се обучуваат во рамките на практичната настава. Истата се одвива во фризерскиот салон во училиштето, кој е опремен со сите материјали и апарати кои се потребни за работа. Со практичната настава им се овозможува на учениците да ја искажат својата креативност со изведување на разни третмани за коса и фризури, под водство на стручни професори од училиштето. Профилот фризер има тригодишно траење, при што по завршувањето на образованието учениците можат да ја градат својата кариера во некој фризерски салон или да отворат сопствен, но можат да се надоградуваат и на некоја фризерска академија. Она што го умеат и знаат учениците можат да го покажат преку учество на разни хуманитарни активности по повод:
Текстилно-кожарската струка во Прилеп датира од далечната 1962 година во тогашното училиште „Илија Игески-Цветан“. Наставата се одржува во современо опремени училници, а пак практичната настава се иведува во посебни работилници кои се во склоп на училиштето. Учениците своите знаења ги надоградуваат со посета на современи фабрики и мислења од стручњаци на нивно поле. Учениците учествуваат во многу проекти и активности во Прилеп и пошироко со создавање на модели за модни ревии при разни настани во градот.
Профилот конфекциски техничар им овозможува на учениците да се здобијат со знаење од областа на технологијата на конфекцирање. Наставата ја одржуваат високообразовани стручни професори. По завршувањето на овој профил учениците можат да продолжат да студираат во иста насока, или пак доколку се одлучат можат да продолжат на студии од различни други насоки.
Шумарско-дрвопреработувачката струка ја опфаќа областа за изработка и производство на мебел и ентериер. Се изучува анатомската градба и техничките својства на дрвото и неговата обработка. Во оваа струка учениците се запознаваат со машините кои служат за финална обработка на дрвото, а во понатамошното нивно надградување учат како да вршат проектирање на мебел и преку дрвните конструкции доаѓаат до идни решенија при изработка на мебелот. Исто така учениците ја изучуваат техничката документација која е потребна и го следи производниот процес на мебелот. Преку практичната настава која е составен дел на образованието, учениците реализираат готови производи.
Профилот техничар за мебел и ентериер од шумарско-дрвопреработувачката струка во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е присутен неколку години. Учениците имаат посебна работилница која е опремена со машини кои му се потребни за изработка, додека наставата ја изведуваат професори кои се високообразовани. Стручните предмети во овој профил овозможуваат високо развивање на учениците и можност за понатамошна самостојна работа. Учениците од овој профил се задолжени за средување и модернизирање на ентериерот од нашето училиште. Исто така учениците имаат учествувано на голем број проекти и активности. Секоја година учествуваат на саемот за мебел во Скопје, каде што учениците секоја година изложуваат помодернизирани и покреативни достигнувања од нивната струка. По завршувањето на образованието овие ученици излегуваат од нашето училиште како техничари за мебел и ентериер. Овај профил е од четврт степен и по завршувањето учениците можат да продолжат на студиска програма како што е Проектирање и технологија на мебел и ентериер, но исто така имаат и можност да се запишат на други студии.
Рударско - геолошката струка во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведена во 2007 година. Струката предизвикува голем интерес кај учениците од основните училишта. Во оваа струка се изучуваат стручни предмети кои не се толку познати, но се интересни за изучување и поради тоа оваа струка сè повеќе напредува.
Профилот геолошко - рударски техничар е потребен во една земја како за населението, така и за работниците. Наставата ја одржуваат професори и инженери од таа струка. Во изградба е терен и соодветен рудник каде што учениците ќе ја изведуваат својата практична настава. Во склоп на нашето училиште има соодветен кабинет каде што учениците одржуваат дел од практичната настава со цртање и пресметување. Феријалната пракса се изведува во фабрики од таа област по избор на ученикот. Со завршување на овој профил учениците можат да работат како: геолошки техничар, рударски техничар, цртач во катастарско биро и би можеле да отворат свој бизнис. Понатамошното образование учениците можат да го продолжат на Рударско-геолошки факултет кој е присутен во нашиот град. Оваа професија е многу ретка во нашата земја и затоа се потребни работници од таа област. И оваа струка е со четврт степен, така што учениците можат да студираат и на други факултети.
Од 2011 година, СОУ „Горче Петров“ традиционално организира Модна ревија, на крајот на учебната година. Модната ревија се организира со цел да се презентираат профилот конфекциски техничар и двата профили од струката лични услуги - козметички техничар и фризер. Модната ревија е организирана од професорките Марта Макеска - проф. по ликовна уметност и Весна Смугреска – проф. по стручни предмети во профилот конфекциски техничар и со помош од учениците од ликовната секција и учениците од Младинскиот учество на СОУ „Ѓорче Петров“. Секако има и спонзори со кои соработуваме, а тоа се конфекциите „Кули“ и „Жалфија, кои помагаат со материјали за изработка на творбите од страна на учениците од профилот конфекциски техничар, но учествуваат и со нивни творби. Во модната ревија учествуваат околу четириесет модели кои се ученички од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, кои се избирани според посебни критериуми од страна на проф. Марта Макеска и учениците од ликовната секција. Учениците од профилите козметички теничар и фризер ги шминкаат и им прават разни фризури на моделите. Во 2011 година, модната ревија се одржа во големата галерија на НУЦК „Мако Цепенков“, каде присуствуваа градоначалникот на Прилеп, г-динот Марјан Ристески, советникот за образование во Прилеп, г-динот Марјан Матракоски, директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, г-динот Дејан Димоски и професорите и учениците од училиштето и ученици од други основни и средни училишта. Во 2012 година, модната ревија се одржа кај новата фонтана пред НУЦК „Марко Цепенков“, каде исто така, присуствуваа градоначалникот на Прилеп, советникот за образование во Прилеп, директорот и професорите од СОУ „Ѓорче Петров“, но и директорите од сите основни и средни училишта во Прилеп. Исто така, присуствуваа и ученици од нашето и од други основни и средни училишта, со што се привлече внимание и кај други спонтани минувачи. Двете години, модните ревии беа свечено отворени од страна на ученици од нашето училиште, како и со говор на градоначалникот на Прилеп и директорот на СОУ „Ѓорче Петров“. Пред да започне ревијата, ученици од основните училишта се претставија со модерни балети, но во 2012 година беше презентирана и химната на СОУ „Ѓорче Петров“ одпеена од страна на неколку ученици од училиштето, а музиката беше потпомогната од ученици.
Wiki секцијата во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ - Прилеп е формирана во текот на месец февруари 2013 година, од тогаш сè до денес се одржуваат редовни вики средби на кои се работи активно и се разговара за подобрување на постоечките статии или за отворање на нови статии. Со викисекцијата раководаат тројца ментори професорките Билјана Рошкоска, Снежана Переска и професорот Сашо Кочоски. Викисекцијата се состои од 17 членови кои активно се вклучени во програмата за уредување на Македонската Википедија. Wiki секцијата е една од најактивните во СОУ „Горче Петров“
По повод патрониот празник, Драмската секција на нашето училиште го сними и го подготви филмот „Убиството на Ѓорче Петров“. Сценариото за филмот го напиша Филип Стојаноски, ученик во 4-2 клас. Во филмот учествуваат членовите на секцијата: Мартина Јованоска, Борјан Јованоски, Филип Стојаноски, Ивана Василеска, Магдалена Димоска, Тамара Илиоска, Ане Иваноска, Андријана Андоноска, Христијан Војнески и Филип Цакоски.Монтажата и компјутерската обработка на филмот изврши Борјан Јованоски, ученик во 4-7 клас. А сниматели беа Мики Николоски, ученик во 3-7 кл. и Бојан Мирчески, ученик во прилепската гимназија. Секцијата работи под менторство на професорката по македонски јазик и литература Билјана Тинтоска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.